Upright Chiro Z7 – Habys

Дали знаевте дека киропрактиката датира уште од 1895 година кога Даниел Дејвид Палмер го врши првото прилагодување на ‘рбетен столб за враќање на слух? Имено Харви Лилард, хигиеничар кој имал оштетен слух, било првото лице на кое била направена манипулација на ‘рбетен столб и резултирала со целосно враќање на слухот според Палмер.

Денес, киропрактиката е категоризирана како комплементарна и алтернативна медицина која се фокусира на манипулација на мускулно-скелетниот систем, особено на ‘рбетот. Стекнува голема популарност во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Обединетото Кралство и постепено започнува да се етаблира и цени во многу земји.

Хабис веќе неколку години во својата понуда има преносни кревти за киропрактика, а веќе со големо задоволство и исполнителност ни го испорачува стационарниот кревет за киропрактика UPRIGHT CHIRO Z7.

На следното видео погледнете ги сите можности и функционалности на најновиот кревет за киропрактика, остеопатија и мануелни техники на UPRIGHT CHIRO Z7 од производителот Habys, локално достапен преку нашата компанија: