Аристотел вели „Задоволството во работата дава совршенство во делото. “ Оваа карактеристика ја препознавме кај нашите нови деловни партнери Ultrasun International. Поведени од сознанието дека наидуваме на соработник кој ги дели истите деловни размисли како и ние, неминовно беше да ни прерасне во партнер.
Во продолжение издвојуваме клучни точки за да ви создадеме прецизна слика за нивниот бренд на солариуми.
Повеќе од 40 години искуство
Уште од 1974 година Ultrasun како пионери во одговорно сончање обезбедуваат професионална опрема и додатоци во здравствената, козметичката и фитнес индустријата.
Седишта во 5 земји
Соодветното позиционирање на пазарот, големата побарувачка на нивните производи и квалитетната услуга на потрошувачите биле клучни фактори кои придонеле до отворање седишта на неколку локации.
Повеќе од 50 партнери низ светот
Како компанија чиј главен фокус е градење на силни односи, веќе ја имаат стекнато довербата на повеќе од 50 партнери ширум светот.
Професионални УВ неонки и додатна опрема
УВ неонките и додатоците на Ultrasun се оценети како едни од најдобрите во светот. Нивниот квалитет е поткрепен со многу признанија за придобивките и резултатите од нивна употреба.
Холандски дизајн и германско инженерство
Холандски дизајн и германско инженерство (EU) – формула за најдоверлив производ!
Сопствен центар за истражување и развој
Преку сопствениот центар за истражување и развој гарантираат дека сите производи од компанијата се развиени со најнови технологии пратејќи ги последните трендови.
Маркетинг поддршка за секој партнер
Ultrasun e компанија која инвестира во онлајн и офлајн маркетинг поддршка на своите партнери. Од организирање на саеми па се до професионално советување за маркетинг на социјални медиуми и персонализирани промотивни материјали.
Силна техничка поддршка
Апсолутно се инволвирани во поддршка и развој на партнерите како важна ставка во одржување и развој на личниот бренд.
Пионeри во одговорно сончање
Главна цел на компанијата е да им се укаже на клиентите дека деновите на интензивно потемнување се завршени, всушност дека здрав и сјаен тен се постигнува со само неколку минути.
Промотери на сончева светлина и Д витамин
Бидејќи не секогаш ја добиваме сончевата светлина која ни е потребна, изнаоѓаме алтернативи за потемнување. Една од клучните придобивки од сончањето е создавањето на витамин Д во телото.
Креатори на луксузни велнес-искуства
Велнесот во основа е патување составено од неколку поглавја. Токму затоа тежнеат да ги задоволат сите нив, од опуштање на телото, умот и духот па се до полнење на вашите батерии за следниот деловен состанок.