ТЕСЛА ФОРМЕР – Често поставувани прашања

Што е Тесла ФОРМЕР?

Тесла ФОРМЕР е апарат развиен од словенечкиот производител Искра Медикал наменет за зацврстување на мускули користејќи ја ФМС технологијата – функционална магнетна стимулација.

Како функционира?

Тесла ФОРМЕР-от го употребува принципот на електро-магнента индукција за да го предизвика акцискиот потенцијал во моторните нерви кој доведува до мускулна контракција. Пулсното магнетно поле генерирано од апаратот овозможува контракција на мускулите без задолжителен контакт со кожата.

Дали третманот предизвикува болка?

Магнетното поле пенетрира длабоко во телото и ги таргетира само моторните неврони за разлика од електро-стимулацијата која при директен контакт со кожата ги афектира и сензорните неврони. Една од клучните карактеристики на Тесла ФОРМЕР-от е што овозможува персонализирани третмани за секој клиент поединечно со што не го надминува индивидуалниот праг на толеранција на болка. Ова го овозможува опцијата за регулирање на интензитетот на магнетно поле со кое се врши третманот.

Кои мускулни групи може да се третираат со апаратот?

ФМС технологијата има поволно дејство врз целокупниот мускуло-скелетен систем меѓутоа за дефиниција, тонирање и зголемување на мускулна маса препорачуваме да се употребува во абдоминална и глутеална регија како и кај мускулите на рацете и нозете. Градите и главата треба да се избегнуваат како регии за третман.

Дали влијае на внатрешните органи?

Во овие 10 години употреба при низа студии и бројни истражувања, не се забележани несакани дејства врз внатрешните органи.

Која програма да ја употребам?

Програмите се креирани со фреквенциски модулации и активно време на работа наменски по мускулни групи и регии. Предефинираните програми се именувани по мускулните групи, а дел од нив и по интензитетот на тренинг (основен, напреден и екстремен) со кој се оптеретуваат мускулите. Следствено, ја избирате програмата за делот од телото кој сакате да го тренирате како и интензитетот со кој сакате да го тренирате. Препорачуваме да се почне со програмите за основен тренинг за мускулната група да се навикне на сензацијата, па со наредните третмани да се зголемува и интензитетот на тренинг.

Зошто некои од програмите се обележани со римски броеви (на пример „Abdomen” и „Abdomen II”)?

Програмата „Abdomen“ е наменета за третман на абдоменот со еден апликатор, додека „Abdomen II“ програмата е наменета за работа со два апликатори кај лица со поширака абдоминална регија или пак доколку сакаме да ги таргетираме и страничните абдоминални мускули истовремено.

Колку време треба да помине после породување за да можам да почнам со Тесла ФОРМЕР третманите?

Препорачуваме да почекате 4 месеци после природно породување и барем 6 месеци после породување со царски рез. Сепак консултација со гинеколог би била најсоодветна за утврдување на временскиот интервал.

Што подразбира програмата за третман на мускулите на јадрото?

Оваа програма ги активира сите четири канали на апаратот и е наменета за третман и зајакнување на целокупната мускулатура на јадрото. За оваа програма треба да сте удобно седнати во столицата со два апликатори (позиција грб и позиција карлично дно) и рачните апликатори да Ви се прицврстени за абдоменот. На овој начин се контрахира мускулатурата на грбот, карличното дно и абдоменот. Целта на оваа програма е подобрување на постурата како и превенција на проблеми со инконтитнеција кај лица со здрава мускулатура на карличното дно. Кај лица кои веќе имаат развиено проблем со инконтиненција, се употребуваат други програми за третман.

Дали можеби Ви остана некое прашање неодговорено?