Вакуумска и радијална ендодермна терапија
Патентираната радијална ендодермна терапија заснована на пулсирачки вакуум и специјално обликуваните апликатори со ротирачки топчиња, создава ефект на кружни кожни набори кои истовремено го масираат и растегнуваат сврзното ткиво. Преку овие апликатори на VAC апаратите на Iskra Medical се овозможува подобрување на микроциркулацијате, зголемување на еластичноста на сврзното ткиво, израмнување на кожата и лимфна дренажа.
Апарати за вакуумска и радијално ендодермна терапија
Апаратите за RDT и третмани со вакуум на Искра Медикал, користејќи ја технологијата на интермитентен вакуум, овозможуваат зголемено количеството на кислород, олиго елементи и
ензими во ткивото со што се стимулира продукција на колаген, создавање на нови здрави клетки,
тонирање на мускулатурата, измазнување на брчки и други неправилности на кожата.
Green Vac
Уникатен систем за радијална ендоермна терапија (RDT®) базиран на интермитентен вакуум кој ја подобрува микроциркулацијата и ги истегнува сврзните ткива. Комбинацијата на различни радијални апликатори за кои не е потребен потрошен материјал придонесува до економични и високо ефикасни третмани на лице и тело.
Vac Prestige
Подобреното и разнолико семејство на RDT® уреди засновани на интермитентен вакуум за неинвазивен третман на лице и тело, овозможува едноставна апликација по претходно дефинирани програми без непријатности и модринки.
Green VAC Fascial
Апарат кој овозможува единствена комбинација на вакуум масажа на лицето и дијамантска микродермоабразија за здрава и младешка кожа. Се комбинира со различни апликатори за широк спектар на апликации, а третманите кои се извршуваат не предизвикуваат непријатност и се погодни за сите типови на кожа.
Дијамантска микродермоабразија
Дијамантската микродермоабразија овозможува едноставен пристап кон поздрава и помлада кожа кај жени и мажи од сите возрасти. Постапката овозможува контролирано отстранување на епидермалните слоеви на различни длабочини со практично никакви несакани ефекти.
Покрај тоа, таа предизвикува стимулација на колаген и го промовира производството на нови клетки во базалниот (најдлабок) слој на дермисот, што и дава на кожата целосно свеж и здрав изглед.
Затоа, дијамантските сетови (BASIC, MAX и AQUA) се совршен избор за третман на различни несовршености на кожата, како што се: оштетувања настанати од сонце, лузни од акни, нерамна грануларна кожа, проширени пори,
брчки и благи форма на пигментарни неправилности.