Третман со ултразвук
Третманот со ултразвучен бран ги активира клетките, ги оживува влакна на кожата и ја зајакнува нивната конструкција со што ефикасно го спречува процесот на стареење на кожата и олабавување. Преку различните негови варијанти и фреквенции стимулира продукција на колаген, го разградува целулитот и е најдобриот сојузник во постигнување на беспрекорна мазна и цврста кожа.
Medio SONO Cosmetic
Козметички апарат за ултразвучен третман со фреквенција од 3MHz, две ултразвучни глави за лице и една за тело. Овозможува ефективен третман на целулит и отстранување на брчки, го подобрува тонусот и регенеративниот процес на кожата.
CaVite
CaVite апаратите за кавитација овозможуваат третман за неинвазивнa, безболнa и брза алтернатива на липосукцијата.Абдоменот, бутините, задникот, колената и надлактиците можат да бидат обликувани без анестезија, без лузни и без период на закрепнување. Нема болка или непријатност по завршување на третманот, а површината на кожата останува недопрена.
VACaVite
Апарат кој употребува напредна технологија на кавитација со или без вакуум, како и самостојна радијална ендодермна терапија – RDT®Овозможува неинвазивно обликување на телото, намалување на целулитот и RDT® масажа на ткивото без притоа да предизвика непријатност и неудобност кај клиентот.Овој апарат постигнува прецизно намалување на локализираното масно ткиво и целулит во најпроблематичните регии од телото: абдомен, бутоини, задник, надлактици и внатрешниот дел од колената. Резултатите се видливи уште по првиот третман, а сите понатамошни го намалуваат дополнително обемот.