Терапија со радиофреквенција

Во своите апарати за терапија со радиофреквенца, Iskra Medical ја воведува иновитавната
капацитивна технологија (CPTechnology). Со оваа технологија преку апликаторите се овозможува и зедначено загревање на длабинските и поткожните ткива без болка. Револуционерната CPTechnology преку која се постигнува повисока температура на длабинското ткиво од површинското, ја исклучува потребата од ладење на површината на кожата.

Апарати за радиофреквенција

Апаратите за радиофреквенција на Искра Медикал преку CPTechnology ™ генерираат
високофреквентно електрично поле помеѓу апликаторот и референтната електрода. Ова електрично поле стимулира триење на молекулите и со тоа создава топлинска енергија која резултира со низа терапевтски придобивки. Предноста на CPTechnology ™ е ниската енергија потребна за постигнување на посакуваните цели. Терапијата е неинвазивна, безболна, безбедна и многу ефикасна алтернатива на употребата на ласери и хируршките интервенции.

Physio STATION

Апарат кој е комбинација на капацитивна радиофреквенца (CPT), радијална ендоермо терапија (RDT®) и крио-терапија за ефикасно и безболно длабинско загревање на сите ткива на локомоторниот систем. Се користи за брзо лекување на акутни и хронични повреди, олеснување на болката и намалување на воспалението.

Physio WAVE

Иновативна CPTechnology ™ овозможува рамномерно, безболно и длабоко загревање на дермисот, поткожното ткиво и подлабокото ткиво. Нежно, неинвазивно лекување на лабавост на кожата, брчки, целулит, локално масно ткиво, како и бројни физиотерапевтски индикации на мускулите, тетивите, нервите, зглобовите и намалување на болка.