Радијална ендодермна терапија
Патентираната радијална ендодермна терапија заснована на пулсирачки вакуум и специјално обликуваните апликатори со ротирачки топчиња, создава ефект на кружни кожни набори кои
истовремено го масираат и растегнуваат сврзното ткиво. Преку овие апликатори на VAC апаратите на Iskra Medical се овозможува подобрување на микроциркулација, зголемување на еластичноста на сврзното ткиво, израмнување на кожата и лимфна дренажа.
Апарати за радијална ендодермна терапија – RDT
Апаратите за RDT на Искра Медикал, користејќи ја технологијата на интермитентен вакуум,
овозможуваат зголемено количеството на кислород, олиго елементи и ензими во ткивото со што се стимулира продукција на колаген, создавање на нови здрави клетки, опуштање и забрзана
рехабилитација на мускулатурата.
Green Vac
Уникатен систем за радијална ендоермна терапија (RDT®) базиран на интермитентен вакуум кој ја подобрува микроциркулацијата и ги истегнува сврзните ткива. Комбинацијата на различни радијални апликатори за кои не е потребен потрошен материјал придонесува до економични и високо ефикасни третмани на лице и тело.
Vac Prestige
Подобреното и разнолико семејство на RDT® уреди засновани на интермитентен вакуум за неинвазивен третман на лице и тело, овозможува едноставна апликација по претходно дефинирани програми без непријатности и модринки.