Компанија чија главна мотивација е страста кон својата работа, континуирано е сосредоточена кон воведување на новитети и наменски поризводи за подобрување на искуството како на корисниците така и на крајните уживатели. Долгите години постоење и реноме меѓу потрошувачите се темелат на непроменетите транспарентни вредности како производители кои даваат неприкосновена поддршка и признание на работата на сопствените клиенти.
Најновиот претставник за квалитет од асортиманот производи на Хабис е Мила – професионален преносен кревет примарно наменет за третмани на лице и екстензија на трепки.
Креветот обезбедува оптимален комфор и ергономија за удобна работа на естетичарот како и клиентот. Овој кревет е неопходна работна алатка за секој професионалец чија специјалност се третмани на лице како и техники за веѓи и трепки.
Моделот Мила е резултат на соработката помеѓу експертите за стилизирање на трепки и искуството на дизајнерите на Хабис. Благодарение на уникатните решенија, Мила гарантира удобност што ги надминува стандардите достапни на пазарот.
Посебната структура на креветот му дозволува на естетичарот да заземе удобна позиција која ќе му овозможи долги часови работа.
Благодарение на соодветно обликуваните исечоци во конструкцијата на креветот, лицето што ја спроведува постапката може да ги протне нозете подлабоко истовремено одржувајќи ја удобната положба на рацете на соодветна висина.
Внимателно одбраните материјали и оптималните димензии на креветот им гарантираат на клиентите исклучителна удобност и целосна релаксација, дури и за време на долги третмани.
Перницата за врат изработена од висококвалитетна мемори пена гарантира удобно позиционирање на главата на клиентот за време на третманот и спречува непријатност и укоченост во пределот на вратот предизвикана од подолго лежење во една положба.
Технички податоци:
Дрвена рамка
Висина од 64 см до 92 см
Должина 183 см
Ширина 78 см
Тежина 16,1 кг
Димензии по преклопување 91 x 78 x 23,5 см
Пена 6 см
Динамичен отпор * 350 кг
Статичен отпор ** 1400 кг
Креветот се карактеризира со:
• Контурна структура на ногарите што ја олеснува удобната и ергономска работна позиција на естетичарот;
• Површина за лежење со дебелина од 12 см;
• Перница за врат изработена од висококвалитетна мемори пена;
• Конструкција на ногари која ја зголемува стабилноста и го олеснува прилагодувањето на висината;
• Ергономска гумена навртка со дополнителен слој од филц кој ги штити дрвените елементи, наменета за прилагодување на висината на креветот;
• Попречна штица за зголемување на стабилноста на рамката;
• Издржливи сајли обложени со челик;
• Дрвени ногари со издржлива гумена подлога која не се лизга и не оштетува под;
• Цврста шарка изработена од нерѓосувачки челик, обезбедена со заштитна јака изработена од тапацир;
• Цврсти, гумени стопала за заштита на тапацирот од оштетување кога креветот е склопен.