Третман со IPL – intense pulsed light

IPL e ефективен и неинвазивен третман на бројни состојби на кожата базиран на принцип на селективна фототермолиза.
Процесот вклучува локална селективна апсорпција на интензивен пулс
(ФЛЕШ) на светлина во спектар на бранови кои се апсорбираат од хромофорите:
меланин (во кожа, коса, фоликул на коса)
хемоглобин (во крвните садови) и
порфирин (акни).

IPL апарати

IPL апаратите на Искра Медикал светлосната енергија во хромофорите ја претвораат во топлина која доведува до коагулација и на тоj начин обезбедува загарантирано, брзо и безбедно:
отстранување на влакна,
подмладување на кожата,
третман на активни акни,
отстранување на васкуларни и пигментирани лезии.

Aparat_Flash-prestige--removebg-preview
image_1-removebg-preview

Flash Prestige

FLASH моделите вклучуваат напредна Pulse-Train карактеристика на флешот што во голема мерка ја подобрува безбедноста и ефикасноста на третманите. Создава можност за испорака на светлината во низа од единечни, двојни и тројни флешови со различно траење на паузата помеѓу нив. На овој начин се постигнува доволно време за ладење помеѓу флешовите и значително го намалува колатералното оштетување на соседните ткива, притоа обезбедувајќи оптимална енергија за
ефикасно лекување на целните структури.