Оваа нова иновативна метода овозможува:
Терапија со магнетно поле од 1,5 Tesla до 3 Tesla
Безконтактна мускулна стимулација
Неинвазивна, удобна и безболна метода
Стимулација на длабоки мускулни структури наспроти електротерапијата
Едноставна терапија која не побарува посебни подготовки на пациентот
Лесен пристап до секој дел од телото
Индивидуално прилагодување на параметри
Употреба во третман на инконтиненција и нарушувања на карлично дно
Без несакани дејства
Функционална магнетна стимулација
Функционалната магнетна стимулација е стимулативна метода која преку брза промена на интензитетот на магнетното поле индуцира електрична струја во невроните. Штом струјата достигне одредена вредност, невроните постигнуваат т.н. акциски потенцијал. На овој начин невронот се деполаризира што всушност придонесува, преку праќање сигнал до моторната единица, до целосна мускулна контракција.
Tesla STYM
Двоканален апарат за функционална магнетна стимулација со два апликатори. Максимална јачина на магнетно поле до 2,5 Tesla со фреквенција од 1Hz дo 80Hz.
Tesla CARE
Четири-канален апарат за функционална магнетна стимулација со максимална јачина на магнетно поле до 3 Tesla со фреквенција од 1Hz до 160Hz.