Третман со радиофреквенција

Во своите апарати за третман со радиофреквенца, Iskra Medical ја воведува иновитавната капацитивна технологија (CPTechnology). Со оваа технологија преку апликаторите се овозможува изедначено загревање на длабинските и поткожните ткива без болка. Револуционерната CPTechnology преку која се постигнува повисока температура на длабинското ткиво од површинското, ја исклучува потребата од ладење на површината на кожата.

Апарати за третман со радиофреквенција

Апаратите за радиофреквенција на Искра Медикал преку CPTechnology ™ генерираат високофреквентно електрично поле помеѓу апликаторот и референтната електрода. Ова електрично поле стимулира триење на молекулите и со тоа создава топлинска енергија која резултира со низа естетски придобивки. Предноста на CPTechnology ™ е ниската енергија потребна за постигнување на посакуваните цели. Третманот е неинвазивен, безболен, безбеден и многу ефикасна алтернатива на употребата на ласери и хируршки интервенции за подобрување на тонусот на кожата и справување со фините бори и масни наслаги.

Cryo DERM

Иновативен апарат чија работа се заснова на револуционерната CPTechnology. Се употребува за подмладување на кожата и отстранување на брчките на лицето, подобрување на тонусот на кожата, намалување на маснотиите и намалување на целулитот. Cryo DERM-от е апарат кој овозможува третман со следните терапии:
длабинско загревање со радиофреквенца, дијамнатска микродермоабразија, вакуумска терапија, радијална ендодермна терапија (RDT), крио терапија, криолиполиза

Aparat-Radio-Derm-prestige-removebg-preview

Radio DERM

Иновативен апарат за убавина и здравје чија работа се заснова на револуционерната CPTechnology. Апарат кој овозможува безболно темелно загревање на дермисот, поткожното ткиво и длабинското ткиво во функција на подмладување на кожата, отстранување на брчки, намалување на масното ткиво и измазнување на целулитот.